Одлични вести за пензионерите, ќе бидат опфатени со новите антикризни мерки
Пензионерите ќе бидат опфатени со новиот пакет на антикризни мерки, исто како што беа опфатени минатата година и на почетокот на оваа година преку енергетскиот пакет кои им се нудеше.
Ова го изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при неговото гостувањето во „Само Интервју“, кое се емитува на Канал 5 телевизија.
Вицепремиерот Битиќи освен најавата за пакетот антикризни мерки кој ќе им биде понуден на пензионерите се осврна и на воведувањето на минимална пензија, која треба да биде законски дефинирана, затоа што Владата сака системски решенија на проблемите.
„Имаме закон со кој два пати годишно ги усогласуваме пензиите, со одредена методологија која е соодветна и дава резултати. Дополнително со носењето на новиот закон за минимална пензија ќе го заокружиме целиот процес на реформа и проблемот со пензионерите ќе го оставиме настрана. Со ова, и следната Влада нема да има потреба да се занимава со оваа проблематика“, изјави вицепремиерот Битиќи, притоа дополнувајќи дека постојат и поубави работи за луѓето во третата доба, а за кои ќе треба да се зборува, како што е грижата за нив или домашната нега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…