Сестрата од Онкологија обвинета за крадење цитостатици, не се појави во судница

t

Денеска почна судскиот процес против младата медицинска сестра од Клиниката за онкологија А.О. која е обвинета за проневера во службата поради тоа што во два наврати од Клиниката се обидела да изнесе цитостатици и да ги предаде на друго лице. Според информации на „Слободен печат“ таа не се појавила во судница туку се појавил само нејзиниот бранител, а отсутен бил и обвинителот затоа што штрајкува администрацијата на обвинителството, па рочиштето се одложило. А.О е обвинета дека со намера да прибави противправна имотна корист за себе, присвоила поголем број ампули со различна намена вкупно вредни околу 60.000 денари кои ѝ биле доверени во службата.

Ги изнесувала ампулите од работното место, потоа ги оставала во автомобилот со намера да ги предаде на друго лице. Фатена била на камера која што претходно била поставена во дневната болница, специјално во просторот каде се припремаат цитостатиците. Иако првиот пат била обвинета за кражба во обид во 2020 исто така на ампули од болницата, сепак била вратена на работа и делото го повторила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…