Земал 300 евра мито за да не пише казна, па го фатиле со бележани пари
Полициски службеници од ОВР Демир Хисар, во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола, на патот меѓу село Света и село Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го уапсиле Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, осомничен за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп”.
МВР информира дека Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење.
Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава, појаснуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава
Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…
Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…
„Транспаренси интернешнл-Македонија“: Најматен настан за мај е…
Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни…
Камерите снимиле хирург како 22 пати прима…
Како што е наведено во тужбата, најголем…
Сакал да поткупи полицаец со 50 евра,…
Жител на сеото Бузалково, Скопско сакал да…