ЕУ: Главен приоритет ни е членството на земјите од Западен Балкан

t

Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан е јасен показател за големата важност што ЕУ му го придава на процесот на проширување, изјави денеска портпаролката на ЕК за соседска политика и проширување Ана Писонеро.

– Проширувањето, пред се со државите од Западниот Балкан, е еден од главните приоритети на Европската комисија од почетокот на нејзиниот мандат, истакна Писонеро.

Таа, како што јави дописникот на МИА од Брисел, нагласи дека во контекст на проширувањето е и новиот План за раст на Западен Балкан на Европската комисија, за кој Фон дер Лајен говореше при нејзините посети на земјите од регионот изминативе два дена.

– Планот во основа треба да го забрза нивното економско поврзување со Европската Унија и да ги донесе поблиску до единствениот европски пазар, со што тие ќе имаат придобивки уште пред зачленувањето, додаде Писонеро.

Таа истакна и дека Европската комисија работи на извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, додавајќи дека тие се ставени за разгледување на дневниот ред на заседанието на Колеџот на комесари на 8 ноември, па ќе бидат објавени по нивното усвојување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…