Путин ја победи Украина, генералите се бунтуваат – Американски Тајмс со шокантен текст
Русија ќе победи ако Западот не испрати многу поголеми количества оружје, предвиде Володимир Зеленски за време на посетата на Вашингтон, пишува познатиот американски магазин Тајм и се повикува на зборовите на негови извори од најтесниот круг на претседателот на Украина дека тој се наоѓа на несогласувања со генералите и дека тој е единствениот кој сè уште не разбира дека војната е веќе изгубена.
СЕ ЛАЖE СЕБЕ СИ
Авторот на текстот Симон Шустер го следеше Зеленски во Вашингтон кога рече дека САД и ЕУ се исцрпени и уморни од војната во Украина. Од јуни, јавната поддршка за испраќање оружје во Киев падна од 65 на 41 отсто, а поради неуспешната офанзива, проследена со огромни загуби, на Зеленски му е се потешко да ги убеди Вашингтон и Брисел дека победата е зад аголот. Покрај тоа, по избувнувањето на војната во Израел, светот почна да заборава на Украина. Шустер потоа разговараше со блиски соработници на украинскиот претседател во Киев.
– Зеленски е постојано лут, ја изгубил веселоста и смислата за хумор. Сега само влегува во собата, слуша вести од бојното поле, издава наредби и заминува. Чувствува дека западните сојузници го предале и дека не му дале средства да ја добие војната, туку само да преживее – изјавија соработниците на украинскиот претседател.
Тие укажуваат на целосен неуспех на четиримесечната украинска контраофанзива и насилните руски напади врз утврдената Авдеевка, каде што најмалку 11.000 украински војници се во опасност од опкружување. Довербата на Зеленски во можноста за победа со доволно оружје ги загрижува неговите соработници.
– Се залажува. Не победуваме и немаме други опции. Но, не можеме да му објасниме. Тој е толку тврдоглав што тоа сериозно ги попречува напорите да се дојде до нова стратегија. Секоја можност за мировни преговори со Русите се уште е забранета – изјавија советниците на Зеленски.
Тие наведуваат дека некои генерали на боиштето почнале да одбиваат наредби од администрацијата на претседателот за напад врз Русите, а Зеленски вели дека војната не се добива со седење во ровови.
НЕМА ОРУЖЈЕ И ВОЈСКА
Неколку високи команданти на украинската војска за „Тајм“ изјавија дека генералите немаат избор.
– Минатиот месец Киев побара да започне операција за заземање Горловка, стратешки важен град јужно од Бахмут, кој Русите го држат од 2014 година. Украинскиот командант таму одговори: „А што можеме да направиме за да го заземеме градот? мажи, ниту оружје. Каде е артилерија? Каде се новите војници“, изјави офицер од украинскиот Генералштаб.
ПРОСЕЧНАТА ВОЗРАСТ НА ВОЈНИЦИТЕ НА ФРОНТ Е 43 ГОДИНИ
„Тајм“ објави дека недостигот на војници стана клучен проблем за украинската армија.
– Дури и ако целото оружје ветено на Киев пристигнало од запад, ние веќе немаме доволно луѓе кои би можеле да го користат. Поради загубите ги повикуваме сите високи резервисти. Сега просечната возраст на војниците е 43 години, а Украинците на таа возраст не се здрави и во добра форма, како, на пример, Скандинавците – изјави близок соработник на Зеленски.
Се наведува и дека Украинците кои имаат пари даваат мито само за да ги заобиколи мобилизацијата.
Корупцијата во воените одделенија беше толку раширена што на 11 август Зеленски ги отпушти сите началници, но тој потег имаше спротивен ефект бидејќи нема кој да ја спроведе мобилизацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во скандинавски Прилеп и Битола не може…
Повеќе од една недела битолчани и прилепчани…
Договорот за спречување инфекции во болниците „фати…
Македонија ризикува да загуби 100 милиони евра…
(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…
Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…
МНР со апел до граѓаните да се…
МНР со апел да се избегнуваат патувања…
(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…
Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…