Иранскиот верски водач: Стоп за извозот на нафта и храна во Израел
Муслиманските земји мора веднаш да престанат со сите форми на трговска и економска соработка со Израел, изјави иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на говорот пред студентите.
„Безусловниот консензус на муслиманските земји мора да биде – да се запрат сите злосторства во Палестина извршени од Израел. Треба да се прекине извозот на нафта и храна. Муслиманските земји мора да ги прекинат сите форми на трговска и економска соработка со Израел“, рече тој, пренесе агенцијата „Тасним“.
Минатата недела претседателот на Исламската Република, Ибрахим Раиси, го обвини Израел за „преминување на црвените линии“.
Претходно политичарот истакна дека Техеран нема да ги следи предупредувањата на САД за немешање во ситуацијата околу Појасот Газа. Сепак, тој ги отфрли обвинувањата дека Иран стои зад нападот на Хамас врз Израел, пренесува Спутник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…
Израел продолжува да изведува целни убиства на…
Во делови од земјата појава на град,…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…