Маричиќ: Членството во ЕУ до 2030 година бара мобилизација и активно ангажирање на целокупното општество
Вицепремиерот Бојан Маричиќ денеска на средба организирана од Македонско-Американската асоцијација на алумни, ја истакнал важноста од вклучување на високо квалификуваните кадри во сите области од општеството,што се голем придонес за државата, информираа од СЕП.
Тој потенцирал дека е потребно да се најде начин како тие да се вклучат во делот на реформите според поглавјата од преговарачкиот процес.
Маричиќ посочил дека е потребно да се воспостави рамка на соработка со алумни асоцијацијата, чиј капацитет се важен ресурс во моменти на важни одлуки и процеси на водење на државата.
Во обраќањето, се наведува во соопштението од СЕП, Маричиќ ја потенцирал важноста на соработката со сите стратешки партнери, односно важноста на стратешкиот дијалог помеѓу САД и Македонија, со кој се реафирмираат заедничките заложби за зајакнување на соработката и значајната поддршка за нашиот евроинтегративен процес.
Беше посочено дека процесот на пристапување до ЕУ бара мобилизација и активно ангажирање на целовкупното општество, особено квалификуваните и искусни професионалци. На средбата беше истакнато дека заеднички можеме да ги навигираме реформските процеси кои ќе го обликуваат патот кон ЕУ, усогласувајќи ги политиките и институциите по европски стандарди, подготвувајќи нè за полноправно членство во ЕУ, информираат од СЕП.
Вицепремиерот Маричиќ порачал дека потребно е да се покаже силна волја, одлучна акција, реален оптимизам и визија за државата и општеството.
Поседувајќи ги сите овие елементи, потребно е да работиме заеднички и убеден сум дека ќе го оствариме стратешкиот план за приклучување во ЕУ до 2030 година, рекол маричиќ, се наведува во соопштението од СЕП.
Средбата ја модерирала амбасадорката на САД Анџела Агелер, а се обратиле и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…