Син на докторка што починала од карцином: Во приватна болница, наместо аналгетици ѝ ставиле само физиолошки, да проверат дали навистина има болки!
Дарјан Петров, актер кој потекнува од медицинско семејство, чија мајка докторка починала од карцином на дојка, денеска на Анкетната комисија за скандалот Онкологија сведочеше пред пратениците.
-Во 2015 година од медицинските кругови добивме информација по секоја цена да ја избегнеме хемотерапијата која се дава на Онкологија поради неквалитет. Подоцна, во 2019, ја купувавме терапијата од странство, од Франција а во Македонија само ѝ беше аплицирана бидејќи на клиниката ја немаше, рече меѓу другото Петров.
Тој истакна дека доктор Џозеф Глигоров од Париз се јавувал на Клиниката за онкологија, за на пациентката да ѝ се обезбеди терапија која ѝ следувала, зашто претходно ѝ кажувале дека ја нема.
-Нему не смееа да му речат не. Тоа беше разликата, а претходно имаше информација дека ја нема, рече Петров.
На приватна клиника во екот на пандемијата со коронавирусот, во 2020 година, Петров сведочеше дека се случило нешто скандалозно со неговата мајка.
-Кога беше мајка ми во терминална фаза, колапсот на вредносниот систем не дехуманизираше. Една вечер за преноќување со физиолошки раствор и аналгетици, во приватната болница беше две илјади евра од вечер, сума непоимлива за нас. Затоа одевме дома па се враќавме само на инфузија без преноќување. Бевме упорни како семејство, гледавме да направиме се како што можевме. Еден ден, ми се јави онкологот лично за индиректно да ми каже дека мајка ми е во терминална фаза и нема што да се прави со неа. И додаде дека утрото кога мајка ми се жалела на болки, ѝ дале само физиолошки раствор, без аналгетици, да видат дали стварно се жали на болки или не. За мене е шок да се каже такво нешто на семејство кое се бори. Дека тие проверувале дали мајка ми има болки или не, истакна Петров.
Петров упати порака за претворање на злото во добро, преземање на лична одговорност на сите инволвирани во системот, борба со моралниот колапс на вредностите и трката за пари.
Во септември Петров даде интервју за „Слободен печат“ во кој ги наведе сите работи што денеска ги кажа пред пратениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…