Заев врши притисок врз Врховниот суд и се заканува дека ќе ја бутне Владата на Таче!
Вистинска драма се случувала во изминатите неколку дена во СДСМ. Причина за несогласувањата во владеачкиот табор бил токму поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев кој прави се во овој период да продолжи прогонот против екс-премиерот Никола Груевски и неговите некогашни соработници.
Кадри блиски до СДСМ поточно до Зоран Заев се позиционирани во високите судски инстанци од кои најмалку четири се избрани за апелациони судии минатата недела. Неговото замешателство во македонските правосудни органи го достигнува врвот и очигледно тој успеа да го отвори македонското правосудство како пупка, како што и самиот тврдеше. Својата контрола врз македонските правосудни органи, Заев ја злоупотребува за да се заштити самиот себе си и своите соработници како на пример учесниците во случаите „Онкологија“ и „Тетовската болница“, своите кумашини Драги Рашковси и Мухамед Зеќири, но и да продолжи политичкиот прогон против политичките неистомисленици.
Очигледно е дека Димитар Ковачевски нема никаква намера да ја продолжи личната вендета на Зоран Заев против Никола Груевски и малку поинаку ја гледа иднината на државата и македонското правосудство. Од оваа причина како што дознава Инфомакс, Заев директно и лично му се заканил на Ковачевски со уривање на Владата на СДСМ ако запре политичкиот прогон против Никола Груевски и неговите соработници.
Како што дознаваме во моментов се вршат огромни притисоци врз Врховниот суд од страна на политичари на чело со Зоран Заев, но и бизнисмени кои и претходно имаа идеја за рушење на Владата на Ковачевски, судот да одлучи спротивно на Законот, Уставот и европската регулатива и амнестијата која ја даде Ѓорѓе Иванов да не важи иако никако истата не може да биде повлечена.
Токму посетата на американската амбасадорка Анџела Агелер на Врховниот суд не беше ниту редовна нити вообичаена туку одговор на вонреден апел за помош од дел од судиите во судот кој е крајна инстанца за судските процеси во Македонија.
Оваа посета се случила на барање на судии кои се под жесток притисок од Зоран Заев и бизнисмени блиски до него.
Агелер им порача на врховните судии дека судството не смее да биде под притисок на политиката.
„Амбасадорката на САД Ангела Агелер истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес“, објави Врховниот суд.
Во оваа насока, односно продолжување на прогонот против Груевски, делува и актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кого Зоран Заев во повеќе наврати се фалел дека го држи во рака. Да се потсетиме дека Мицкоски самиот кажа дека ќе го апси Груевски ако некогаш се врати во Македонија додавајќи дека секој кој е правосилно осуден треба да одговара.
Продолжување на војната која Мицкоски ја објави на Груевски во име на Зоран Заев беше и она интервју во ФАЦ во кое Мицкоски го обвини Груевски дека сака да се врати во Македонија на грб на промена на Уставот. Сепак Мицкоски не пружи никаков доказ за неговото тврдење и не само што не докажа туку и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ демантираа дека биле контактирани од Груевски по однос на прашањето за влез на Бугарите во Уставот.
Спрегите на Зоран Заев во Македонското правосудство како што објави Инфомакс се посилни од било кога и токму неодамна Заев го спаси Мицкоски од случајот со „Делчевски ниви“. Токму повереникот на Владата во ЕВН, поставен од Зоран Заев го смени исказот пред суд со што запре прогонот на најблиските соработници на Христијан Мицкоски.
Да се потсетиме дека лично Зоран Заев тврдеше дека повеќе од 5 милијарди евра од македонскиот буџет биле украдени од Никола Груевски, но не успеа да приложи доказ за ниту еден денар. Зоран Заев имајќи ги сите полуги на власта во свои раце, висока мотивација за лична пресметка со Груевски не успеа да докаже никаков криминал па мораше да го осуди екс-премиерот за набавка на возило кое државата и до ден денес го користи, а лично во него се возеше и Зоран Заев.
Дополнително држава членка на Европската унија, Република Унгарија му даде азил на Груевски со што директно го потврди политичкиот прогон во Република Македонија кој го спроведуваше Зоран Заев. Да се потсетиме дека повеќе од 3 илјади членови на ВМРО-ДПМНЕ во улога на сведоци, обвинети или како мета на истрага се најдоа во некоја форма пред истражните органи, а против повеќе од 300 функционери на ВМРО-ДПМНЕ директно се спроведуваше политички прогон.
Вакво нешто беше невидено во Македонија од најмрачните времиња на комунизмот кога најголемите македонски револуционери и борци за независна Македонија завршија на Голи Оток или беа стрелани кај скопското Кале. Личната одмазда на Заев кон Груевски очигледно трае до ден денес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…