АВМУ: Дебатите да не поттикнуваат нетрпеливост, уредниците и новинарите да бидат самостојни во креирање на уредувачката политика

t

Дебатите за политичко – општествените прашања треба да придонесуваат кон остварување на слободата на изразување, кон културата на толеранција и во ниту еден момент не смеат да поттикнуваат нетрпеливост, укажаа денеска преку соопштение од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со вчерашната емисија „Само вистина“, емитувана на ТВ Канал 5. 

Сите учесници во јавниот дискурс, а особено политичарите и носителите на јавни функции, посочуваат, треба да бидат свесни за тежината на јавно искажаниот збор и да се воздржуваат од изјави, особено преку медиумите, кои го поткопуваат дијалогот меѓу различните етнички групи во општеството.

– Етикетирање на медиуми и новинари, како што тоа во вчерашната емисија го направи Исмет Рамадани, советникот за евроатлантски вредности на премиерот, негативно се одразува на слободата на медиумите и го нарушува новинарскиот дигнитет. Политичарите и носителите на јавни функции имаат посебна одговорност пред јавноста и треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и да вложат максимални напори да се овозможи медиумите непречено да ја извршуваат својата работа, се наведува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Истовремено, стои во соопштението, медиумите треба да бидат простор за отворена дебата, место каде ќе се изнесуваат различните мислења и ставови (и позитивни и негативни) на учесниците во интервјуа, дискусии и други емисии. Уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика, сметаат од Агенцијата, треба да бидат самостојни и независни.

– Секое попречување и, особено, прекинување на емисиите од страна на управителите или сопствениците на медиумите, како вмешувањето на Иван Мирчевски, управителот на ТВ Канал 5, во емисијата „Само вистина“ претставува мешање во таа независност и самостојност, соопштија од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АВМУ го повикува МВР во најскоро време…

Во врска со случајот поврзан со новинарот…

Без јавен повик, АВМУ донирал 80.000 евра…

Непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ)…

АВМУ им дава 5 милиони денари на…

Во рамки на своите заложби обезбедивме донација…

АВМУ: Слободата на изразување е уставно гарантирана…

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги…

Обвинение за напад на новинарска екипа пред…

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд…