Падна најглупавиот кривичен предмет во историјата на македонското правосудство !

t

Имајќи го предвид предлогот на Јавното обвинителство и измените на Кривичниот законик, Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска ја запре кривичната постапка за случајот „Траекторија“.

– Имајќи го предвид предлогот на ЈО и измените на КЗ, Судот донесе решение, се запира кривичната постапка против обвинетите Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски за „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и обвинителниот предлог против Никола Груевски за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, рече претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков.

Ова решение следува по предлогот на ЈО, кој, пак, следува по измените во Кривичниот законик, а трошоците на постапката, согласно денешното решение, паѓаат на товар на државата.

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште побара обвинението против обвинетиот Никола Груевски да биде повлечено поради настапување на апсолутна застареност, а постапката за другите тројца обвинети да запре поради измените во КЗ.

Во интервју за Инфомакс, Груевски пред неколку години го коментираше предметот „Траекторија“.

-Најеклатантен е примерот кај случајот со патиштата, т.н. „Траекторија“ каде што се создава едно широко распространето мислење дека таму сум земал провизии, за поткуп, а всушност обвинет сум за истото како во „Тенк“, вели Груевски, појаснувајќи дека обвинет е зашто сакал да оствари политичка корист, односно затоа што сакал патиштата да се завршат пред редовните избори и да се стекне со корист кај гласачите.

Вели дека тоа е апсурдна ситуација, додавајќи дека улогата на еден политичар и премиер е да гледа побрзо да се завршуваат проектите.

–Обвинет сум по истиот член, за вршење влијание за се оствари корист, ама не корист – материјална, парична. Тоа е друг член. За поткуп, тоа е друг член. Ова член што укажува на некоја друга корист и таму е наведено дека јас сум ги форсирал за побрзо да се заврши итн. Во јавноста со сите сили, пропагандната машинерија на СДСМ се обидува да се искреира слика дека се работи за некаков поткуп, провизии. Дури и така го нарекуваат случајот, „провизиите за патиштата“, а не сум обвинет за провизии, ниту пак, постојат провизии, појаснува Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…