Османи со метафора за патот на Македонија кон ЕУ: Студент го дава најдобриот одговор, но професорот му вели да го смени името и да дојде повторно

t

Македонија е лакмус-тест за кредибилитетот на Европската Унија. Од ставовите на Јункер до оние на Фон дер Лајен од пред неколку дена, можам емпириски да посведочам дека Европа денес е соочена со геополитичко будење, кое треба да обезбеди геостратешка инвестиција во безбедноста на ЕУ, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на министерска конференција посветена на ЕУ-проширувањето во Берлин, каде што присуствува на покана на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Во своето обраќање, министерот се осврна на концептот „Повеќе интеграција пред членство во ЕУ”, како еден од модалитетите како ефективно да фатиме чекор со економиите на земјите членки на ЕУ и да го премостиме јазот што моментално се зголемува наместо да се стеснува.

Османи, зборувајќи за патот на нашата држава кон членство во Унијата, метафорички ја спореди Македонија со најдобриот студент кој не го положил испитот затоа што на професорот не му се допаѓало неговото име.

„Според нашата дијагноза за тоа што тргна наопаку за Македонија која беше во група со Словенија и Хрватска во 2001 година, кога го потпишавме Договорот за стабилизација и асоцијација и кога сите веруваа дека ова ќе биде првата група што ќе влезе во ЕУ, без оглед на тоа што процесот излезе од колосек, денес Словенија и Хрватска ја одбележуваат 10-годишнината или повеќе од своето членство. Имаше парадокс во нашиот процес и некој се обиде метафорично да го објасни. Студент оди да одговара на испит, тој го дава најдобриот одговор, а потоа еден од професорите вели ‘да, ти го даде најдобриот одговор, но не ми се допаѓа твоето име, затоа смени го и потоа дојди повторно’. Тој оди, го менува името, па друг професор му вели: ‘нашите дедовци се скараа пред 200 години, ве молам прифатете ја мојата верзија’. Потоа се обидуваш да кажеш, па каква врска има ова со процесот на ЕУ, дедо ми веќе го нема и само јас можам да кажам кој сум и како можам да продолжам и како ја гледам иднината во Европската Унија“, рече Османи.

Министерската конференција, чија цел е размена на мислења во однос на подготвеноста на Унијата за проширување и на идните земји членки за членство во ЕУ, се одржа непосредно пред Европската комисија да го објави својот пакет за проширување заедно со извештаите за земјите, кои ќе дадат препораки за конкретни чекори за кои ќе одлучува Европскиот совет во декември.

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, пак, го најави почетокот на процесот на зајакнување на внатрешните структури на ЕУ како подготовка за процесот на проширување, а во исто време предложи постепена интеграција на земјите кандидатки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…