Лога бара да заседава Советот за безбедност: Над 2 800 осуденици не ги одлежуваат казните поради пренатрупаноста на затворите
Министерот за правда Кренар Лога најави дека ќе испрати писмо до претседателот на државата Стево Пендаровски со кое ќе побара да биде свикана седница на Советот за безбедност.
На седницата на Советот за безбедност, како што информираат од ресорот на Лога, министерот ќе побара да биде разгледана безбедносната состојба во државата со одглед на тоа дека над 2 800 осудени лица со упатен акт не ги одлежуваат затворските казни поради пренатрупаноста на затворите.
„…А со тоа преставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат“, наведуваат од Министерството за правда.
Посебно писмо, Лога ќе испрати и до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и до директорите на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање каде ќе се побараат истите информации.
Ваквата најава следува откако мнозинството пратеници во Собранието вчера не дaдоа зелено светло за предлогот на Владата за донесување на законот за амнестија по скратена постапка. „Против“ потребата од донесување на законот по скратена постапка гласаа 66 пратеници, 15 беа „за“, а тројца гласаа „воздржано“.
Пред гласањето, министерот за правда Кренар Лога, кој е и предлагач на законот, на пратениците им подели албуми со фотографии од затворот „Идризово“ на кои се гледа лошата состојба во затворот и на тој начин ги повика ги да го изгласаат предлог-законот за амнестија, чија основна цел, како што и претходно неколку пати кажа самиот министер, е ослободување на дел од капацитетите на затворите.
Откако законот не помина, Лога најави дека законското решение повторно ќе го достави во Собранието, но овој пат по редовна постапка. Сепак, рече дека исходот од гласањето го гледа како одмазда кон него и кон неговата партија – Алијанса за Албанците поради неподдршката за измените на Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…