Јакимовски размислува да се кандидира за претседател на државата – ГРОМ ќе има листи во сите шест изборни единици

t

Градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во СТУДИО 10 на ТВ 24.Јакимовски вели дека размислува да се кандидира за претседател.

– Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство, – вели Јакимовски.

Јакимовски го колеба дали ќе има промена на изборниот модел, цензусот, финансирање и собирањето на потписи. Тој вели дека досега не разговарал со политички фактори, но од граѓаните добива поддршка за претседателска кандидатура.

За оние кои пропагираат претседател да се избира во Собранието, а не на непосредни избори, вели дека прават калкулации да се избира претседател Албанец.

– Јас се залагам за претседателски систем. Мислам дека претседателот треба да има повеќе и поголеми ингеренции, – вели Јакимовски и додава дека факт е дека Владата слабо се снајде во времето на ковид-кризата.

Претседателот треба да има поголемо влијание и во судската власт оти него го бираат сите граѓани. Тоа е и причината што треба да биде неутрален, но и да има повеќе ингеренции и подолг мандат.

Во однос на парламентарните избори ГРОМ ќе има листи во сите 6 изборни единици, најавува Јакимовски.

– Мицкоски во декември 2021 години ми рече дека ќе има предвремени избори. Гледаме дека избори нема. Треба да се оди на редовни избори и треба да се оди на Пржинска влада за да се отстранат сите аномалии што ги направила власта во меѓувреме, – вели Јакимовски и појаснува дека на тој начин изборите ќе бидат покредибилни и ќе имаме мирен премин на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…

Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…