Османи до ВМРО-ДПМНЕ: Додека е ДУИ и Али Ахмети на Албанците нема да им фали ни влакно
Додека е ДУИ и Али Ахмети на Албанците нема да им фали ни влакно, така што сите тие закани се безвредни,му порача потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски дека по изборите нема да коалицираат со ДУИ и дека партијата на Ахмети треба да биде опозиција.
-Не е тоа првпат се сеќавам на изјавите на Зоран Заев на митинзите кога велеше ДУИ да оди во опозиција, па знаете каков беше исходот. Навистина овој начин на создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи за добивање на политички поени е премногу ризичен за една мултиетничка демократија каква што е Македонија. На ВМРО-ДПМНЕ можам само да им кажам дека додека е ДУИ и Али Ахмети на Албанците нема да им фали ни влакно, така што сите тие закани се безвредни – изјави Османи.
Прашан заошто ДУИ ги поистоветува со сите Албанци, Османи вели дека ДУИ ја претставува мнозинската волја на Албанците.
-ДУИ е мнозинската волја на Албанцитеи спомнувањето на ДУИ е споменување на мнозинската волја на Албанците. ДУИ ги претставува Албанците, не сме паднати од небо, туку некој не избрал за да ги претставуваме Албанците – рече Османи.
Тој изјави идека не ги видел националистичките пораки на стадионот во Чаир кои ги истакнаа навивачите на домашниот тим на мечот од првата македонска фудбалска лига меѓу Шкупи и Вардар.
„Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот“ – кратко одговори Османи.
Навивачите на екипита Шкупи на синоќешниот фудбалски дерби натпревар на стадионот во скопската населба Чаир истакнаа провокативни пароли со националистичка и екстремистичка содржина.
„Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ – се вели на една од паролите.
Александар Николоски во интервју за „Радио слободна Европа“ рече дека после изборите една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има.
-Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ самостојно ќе освои мнозинство во Собранието, односно 61 пратеник, така што нашиот настап на парламентарните избори ќе биде насочен кон она што е визија на ВМРО-ДПМНЕ. Секако после изборите, и заради реалноста во Македонија, без разлика колку пратеници ќе освоиме, ние сме спремни да поразговараме со потенцијални партнери од таканаречениот албански кампус и да видиме дали можат да ни се спојат програмите. Секако тука предност ќе има она што е сега таканаречена албанска опозиција, вели Николоски за РСЕ.
Според Николоски, една од причините за сегашниот низок рејтинг на СДСМ е бидејќи не го реализираше своето ветување од 2016 година, кога тогашниот лидер на партија Зоран Заев рече дека нема да влезе во коалиција со „криминалците и бандите“ од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…