ПОБРЗАЈТЕ, АКО САКАТЕ ДА КУПИТЕ ГРАЃАНСКА ОБВРЗНИЦА: Денеска е последен ден за запишување

t

Денеска истекува рокот во кој граѓаните можат да запишат граѓански обврзници од втората емисија, за која аукцијата ќе се одржи утре. Барањето за учество на аукцијата и уплата на средствата за кои граѓаните сакаат да купат граѓански обврзници може да го направат во сите деловни банки во земјата.

Од Министерството за финансии информираат дека проспектот за втората емисија Граѓанска обврзници го објави на 18 октомври на износ од 10 милиони евра.

– Граѓаните кои ќе запишат граѓански обврзници за својата инвестиција ќе добијат камата или принос од 5%о годишно, односно за 2 години вкупно 10% на вложениот износ. Исплатата на првиот купон ќе се изврши на 14 ноември 2024 година, додека вториот купон, односно каматата за втората година на 14 ноември 2025 година, истовремено со исплатата на вложените средства. Граѓаните можат да вложат минимално 10.000 денари, со купување на една граѓанска обврзница – велат од МФ.

Граѓанската обврзница на пазарот е присутна од јули оваа година кога беше објавена првата емисија, а на која граѓаните пројавија 2,5 пати поголем интерес од износот кој беше објавен со Проспектот. Граѓанската обврзница на финансиски инструмент ќе биде присутна во континуитет на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Форумот за образовни промени поднесе тужба против…

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…

Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…

Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Серија дојави за бомби ги крена борбените…

Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…