Вело Марковски се вакцинираше: Грипот за разлика од Короната е сериозна болест
Познатиот специјалист инфекјтолог Вело Марковски вчера се вакцинираше против сезонски грип и порача дека „грипот за разлика од короната е сериозна болест“.
„Јас денес се вакцинирав. Сите што се во таканаречени ризични групи: болни со малигни заболувања, постари од 65 години, бремени, луѓе со сериозни хронични состојби (срцеви, белодробни, бубрежни, хематолошки…) ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ. Компликациите после прележување на сезонски грип можат да бидат фатални за припадниците на ризичните групи“, порача професорот.
Министерството за здравство набави 60 илјади дози од четиритипна вакцина и неколку пати во јавноста од таму порачуваат дека интересот е голем за вакцинација. Со бесплатната вакцинација против сезонски грип се опфатени следните ризични групи: стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лица вработени во установи за социјална заштита на стари лица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…