Збогум за Ивајло Дичев (1955-2023) Бугарскиот професор кој беспоштедно ја критикуваше бугарската политика кон Македонија
Ивајло Дичев, бугарскиот културен антрополог, кој имаше исклучително знаење да ги раздробува промените што се случуваат во општеството во Бугарија и особено во нејзините односи со Македонија, почина денеска на 68 години.
До неодамна беше професор на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“.
Неговите колеги пишуваа за него дека тој е „еден од најпаметните предавачи за кого образованието беше една од најважните причини“.
Дичев со децении е познат по својот граѓански став за прашања кои се многу актуелни за Бугарија. Беше коментатор за Дојче веле и бугарски „Дневник“, а неговите анализи за односите меѓу Бугарија и Македонија беа растоварени од националистичките приказни и митовите од минатотот и насочени кон соработката меѓу двата народи. Поради неговата ерудиција Ивајло Дичев беше познат и во македонската јавност. „Независен“ многу пати во изминативе години ги објавуваше неговите текстови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…