Нетанјаху ќе размисли за “мали тактички” прекини на огнот во Газа
Израелско-палестинскиот конфликт влезе во триесет и вториот ден. Израелската армија призна дека цел била зграда во близина на болница во Газа, но тврди дека таму биле борци на Хамас. Во попладневните часови, израелската војска соопшти дека околу 20 ракети биле истрелани од Либан кон северен Израел, поради што се огласиле сирените за воздушен напад во Галилеја и Голан.
Некое време подоцна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе размисли за „мали, тактички паузи“ во борбите во Појасот Газа, со цел да се олесни влезот на хуманитарна помош или да се дозволи транспорт на заложниците ослободени од екстремистите на Хамас. Сепак, израелскиот лидер го повтори своето отфрлање на прекин на огнот без ослободување на сите заложници заробени од членовите на Хамас, пренесува Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…
Одборот за мир – иницијативата предводена од…
Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…
Израел гради огромен песочен ѕид за да…
Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили…
Палестински доктор од Газа тврди дека бил…
Случајот со палестинскиот лекар д-р Хусам Абу…