Скандали во судството: Беса Адеми е новата Катица Јанева

t

Довербата во правосудниот систем во последните анкети е падната на рекордно ниско ниво, под 5% и во зависност од испитувањето на јавното мислење се движи во рами на статистичка грешка. Тоа практично значи дека едвај три или четири граѓани од сто, имаат позитивно мислење за работата во судството, вклучувајќи ги и оние кои работат во судовите или имаат член на семејството кој зема плата во правосудниот систем.

Најодговорни за оваа состојба се првите луѓе во судството, а на врвот на таа пирамида е Претседателката на нависокиот суд Беса Адеми, чија обврска е да се грижи околу правораздавањето и да ги корегира судовите под неа креирајќи начелни мискења и ставови по одредени прашања.

Наместо Беса Адеми сама да се бори да гради мислења на општи седници на Врховниот суд, таа бега од чувствителни прашања и се занимава со политички интервјуа и квалификации.

Наместо Беса Адеми да покаже почит кон системот и да се отповика на поканата на Судскиот совет, таа промовира анархија во судството и се однесува како законот и процедурите да не важат за неа.

Катица Јанева заврши во затвор, а Адеми одлучи да го следи нејзиниот пример

Катица Јанева за само неколку години успеа да се претвори во симбол за се што е лошо и црно во судството. Почнувајќи од нејзиното непознавање на правната материја, преку коруптивните и љубовни скандали, па се до непочитувањето на институциите и настапувањето над законите. Јанева сметаше дека може да си го дозволи тоа затоа што уживаше безрезервна поддршка од Зоран Заев и ги извршуваше неговите политички нарачки.

Катица Јанева одбиваше да ги исполнува законските обврски кои ги има, мислејќи дека никој не и може ништо.

Медиумите во март 2016 година објавија наслови „Катица Јанева: Не одам во Собрание и во Советот, нека достават забелешки на извештајот ако имаат“.

Претходно, тогашниот претседател на Советот на обвинители објаснуваше дека не може да го разгледуваат извештајот за нејзиното работење без неа и дека ќе ја чекаат да им одговори на поканата.

„Советот на јавни обвинители на денешната седница не го разгледа извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, поради тоа што таа не беше присутна, а претседателот на Советот, Петар Аневски, тоа го оцени како „непријатна работа“ и „непочитување на институцијата“. Аневски тогаш рече дека Јанева е должна да дојде на седницата меѓу другото и поради бројните нејаснотии и проблематични делови во извештајот за кои членовите на Советот имаат прашања.

Кога Јанева одлучи да се појави, состанокот на Советот на обвинители го протолкува како мобинг, а не како нејзина обврска.

Неколку години подоцна, се чини дека судството добива нова Катица Јанева која следи политички нарачки и не ги почитува институциите, сега олицетворена во Беса Адеми.

Сите бараат одговорност од Беса Адеми. Дали ќе постапи судскиот совет ?

Новинарот Саше Димовски кој долго ја следи работата во судството го искритикува политикантскиот настап на Адеми при одбивањето да ги објасни наводите во даденото интервју и терањето политика во Врховниот суд.


„Многу бледо писание на Беса Адеми зошто не оди во Судски совет! Јас вчера, за Канал 5 реков дека не во Судски, туку во ЈОРМ се пријавуваат притисоци, ама преписката ми е ко лук и киселина! Сега веќе се исполнети сите услови Судски да отвори постапка за разрешување на Беса Адеми, а тогаш, ќе мора да се појави пред Судски! Не ве плаќаме за да се допишувате со писма!!“ напиша Димовски на својот фејсбук профил.

И колумнистот на Плусинфо Златко Теодосиевски денеска ги коментираше скандалите кои ги предизвика Адеми.

Меѓутоа, за оваа прилика, а во светлината на актуелните случувања на релација Судски совет-претседателка на Врховниот суд, малку би ја модифицирал посочената точка: како да го почитуваме судството во контекстот на ваквите македонски релации? На пример, ако во македонското судство нема самопочит односно судиите не се почитуваат меѓусебе? Или ако тие, како добри „деца на комунизмот“, и понатаму говорат во познатите шифри „некој, некаде…“? Зашто, ако претседателката на Врховниот суд на државава – што ќе рече не некој општински/„селски“ суд – се оглушува односно отворено демонстрира против поканата на Судскиот совет како нејзина надредена инстанца, тогаш што? Како ние би ја почитувале и претседателката и судот што таа го води, уште помалку оној Судски совет чијашто работа се претвори во македонска сапуница? Но, карикатуралноста на овој и ваков Судски совет може ли да биде оправдување за претседателката на Врховниот суд за онакво бахато игнорирање на формално надредените колеги во стилот „не го признавам овој суд“? Иако и самата, по функција, е член на тој совет? И понатаму, ако, на пример, Законот за Судскиот совет, во член 3 став 3, вели дека „Советот со својата работа оневозможува политичко влијание во судството“, зошто претседателката на Врховниот суд го игнорира ова и мисли дека поголема помош ќе добие на друго место, на пример во некоја странска амбасада? А впрочем, дали ваквото однесување на судиите му дава право и на граѓанинот утре, со истите „образложенија“, да не се појавува пред судовите? Со таа разлика што граѓанинот ќе биде присилно приведен, а претседателката – не, напиша Теодосиевски во неговата колумна.

Слично како за Катица Јанева, освен неприфатливото однесување и непочитување на институциите, исто така и Беса Адеми ја следат сомнежи за несразмерно богатење и афери од интимен карактер.

Некои медиуми го покренаа прашањето за одредени средби во нејзиниот кабинет и поставија одредени прашања.

За чесен професионалец кој целиот живот го минал во судница и главниот приход му бил државна плата, Адеми има прилично голем имот. Според анкетниот лист таа поседува два стана во Скопје со вкупна големина од 350 квадрати кои чинат околу 750 000 евра. Адеми пријавила дека поседува стан во Албанија кој наводно чинел околу 50 000 евра и една куќа од 113 квадрати со двор од 1000 квадрати во Љуботен. Како имот пријавила орочен депозит на нејзиниот сопруг ви висина од околу 170 000 евра и две возила. Едното возило е Опел Астра, но затоа прикрила во анкетниот лист какво е другото возило. Во имотниот лист се прикриени и податоците за фирмата на нејзиниот сопруг и единствено е посочено дека станува збор за ТП Атиља Адеми. Нашите извори се сомневаат дека нејзините блиски средби во канцеларијата и потеклото на имотот со кој што располага може да се основната причина за стравот на Адеми да се соочи со Судскиот совет, но тоа не е пречка институциите да постапат по допрен глас и да ги проверат наводите, стоеше во еден од написите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денешното однесување на Европската народна партија е…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

Во скандинавски Прилеп и Битола не може…

Повеќе од една недела битолчани и прилепчани…

Договорот за спречување инфекции во болниците „фати…

Македонија ризикува да загуби 100 милиони евра…

(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…

Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…

МНР со апел до граѓаните да се…

МНР со апел да се избегнуваат патувања…