Објавено на:

(Видео) Девојка со македонско потекло меѓу киднапираните од Хамас

t

19-годишна девојка со потекло од Македонија е меѓу киднапираните на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел. Информацијата ја потврди за „Макфакс“, Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло и која е вклучена во напорите за ослободување на девојката.

Тешко е да се заборави снимката од 19-годишната Наама Леви, која припадниците на Хамас ја ставаат во џип во Газа со врзани раце зад грбот, а нејзината сива тренирка облеана во крв на задниот дел.

На снимката се гледаат мажи со пиштоли како ја извлекуваат Наама од багажникот на автомобилот до совозачкото седиште, додека другите гледаат и слават.

Тинејџерката е само една од многуте 242 заложници што бХамас ги држи повеќе од еден месец.

Беше откриено дека Наама била мировна активистка посветена на промовирање на вредностите на заемно разбирање меѓу Израелците и Палестинците.

Таа беше учесник во проектот „Раце на мирот“ во САД, каде што младите Американци, Израелци и Палестинци се среќаваат во потрагата по мир.

Џон Линдон, кој е извршен директор на Алијансата за мир на Блискиот Исток, рече дека Наама е позитивна млада дама и нејзиното семејство само сака да ја врати дома.

Линдон рече дека бил шокиран кога открил дека киднапираната тинејџерка била учесник во програмата и оттогаш работи со нејзиното семејство за да ја подигне свеста за нејзината мака.

Според податоците што ги испратиле роднините на девојката, нејзината прапрабаба Грасија Бивас била родена во Македонија во 1893 година во семејство на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900 година, заминала во Израел, каде што во текот на годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.

Повеќето македонски граѓани што се наоѓаа во Израел, како и во Газа, беа евакуирани и пристигнаа во земјата преку специјални хуманитарни летови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар…

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер,…

„Србија е европска велесила во гаснењето пожари“,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…

Историска мисија на НАСА: Во 2028 година…

Американската вселенска агенција НАСА официјално ја одреди…

Нов ценовен удар или поевтинување: РКЕ утре…

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе носи…

Атлетик: Инфантино разви Светско младинско првенство со…

 Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше вклучен…