Маричиќ: Продолжувањето на преговорите не е врзано со Извештајот, туку со уставните измени
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ истакна дека нема назадување во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. За одговорноста во реформите во судството, борбата против корупцијата и за употребата на европското знаменце, Маричиќ посочи дека преговорите траат повеќе од една година и на 7-ми декември да се заврши скринингот како прваза фаза од преговорите.
-Преку скринингот, сите слабости во Извештајот сме ги дискутирале со ЕУ и веќе се ставени во патоказите и инструментит што треба да ги решиме. Продолжувањето на преговорите не е врзано за Извештајот, туку за уставните измени. Недостатоците ги ставаме во нашата листа на задачи. Патоказите се услов за отворање на првиот Кластер и потоа ќе одиме во натамошна фаза на отворање во зависност од тоа дали ги имаме уставните измени. Во текот на преговорите, не сме бегале од овие работи, кажа Маричиќ на денешната прес-конференција со евроамбасадоро Дејвид Гир, посветена на Извештајот.
Во однос на европското знаменце, вицепремиерот вели дека секогаш се користи на предлог на Владата и кога има услови за тоа.
-Суштината за тоа е суштината на функционалноста на Собранието. Се надевам дека ќе се донесе новиот деловник бидејќи е добра за државата. Идејата на европското знаме е да се потврди консензусот за ЕУ на дело. Има закони кои се предложени кон средината на 2021 година со европско знаме, а се уште не се усвоени, порача вицепремиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…