Борел: Украина не може да ја победи Русија во блиска иднина

t

Украина нема да може да ја победи Русија во блиска иднина, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.


„Имаме многу проблеми. Европа се соочи со двојно искушение. Пред се Украина, каде што не се очекува победа над Русија во блиска иднина“, изјави Борел на конгресот на Партијата на европските социјалисти.
Како друг предизвик, Борел ја посочи ситуацијата на Блискиот Исток, која, според него, е последица на „политичкиот и моралниот колапс на меѓународната заедница“.


Борељ посочи дека земјите од Европската унија треба да бидат подготвени да ја компензираат Украина за помошта што Соединетите Американски Држави досега ја давале, а која може да се намали.
„Европјаните, кои ги имаат потребните средства, мора да бидат подготвени да продолжат да даваат поддршка за Украина и да преземат обврска од САД, бидејќи нивната поддршка, по секоја веројатност, ќе се намали“, рече Борел.


Москва: ЕУ официјално ја призна победата на Русија?
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во врска со изјавата на Борел рече дека тоа би можело да значи дека „Европската унија официјално ја броела победата на Русија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…