Објавено на:

Уапсен француски сенатор под сомнение дека дрогирал пратеничка за да ја силува

t

Францускиот сенатор Жоел Геријо е уапсен под сомнение дека дрогирал пратеничка во парламентот со цел да ја силува, Шеесет и шестгодишниот Геријо, кој е член на партијата на десниот центар Независните, бил уапсен во својот дом во Париз, во кој бил извршен претрес.

„Геријо беше испрашан поради сомнежите дека присилно дал супстанца која може да ја промени проникливоста или контролата врз постапките на друго лице, со цел да изврши силување или сексуален напад“, објави канцеларијата на јавниот обвинител на Париз.

Наводниот инцидент се случил во вторникот вечер.

АФП објави дека жената која поднела пријава во полиција е членка на долниот дом на парламентот, Национално собрание, а нејзиното име не беше објавено. Во пријавата е наведено дека на жената, која не била во врска со сенаторот, ѝ се слошило откако пиела од чаша во домот на Геријо. Тестовите откриле присуство на екстази во нејзиниот организам и оваа дрога била пронајдена во домот на Геријо.

Геријо, кој е банкар, беше избран во Сенатот во 2011, каде што е потпретседател на комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…

Тепачка во угостителски објект во Тетово –…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…

Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…

Хрватска од 1 март 2027 година воведува…

Тирана реагира зошто не се интонирала и…

Министерството за Европа и надворешни работи на…