Три лица завршија во болница: Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје

t

Три лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје што се случила околу 15 часот и 30 минути.

Во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот во близина на угостителски објект, се случила сообраќајката меѓу две патнички возила со тетовски таблички и тоа „фолксваген голф” управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и „опел астра” што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И.

-Во несреќата, возачот на „опелот” и сопатниците од „голфот”  Б.А.(27) и 19-годишната А.А. од Желино се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…

Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…

Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…

Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…