Студентите не можат да се избањаат, домот „Пелагонија“ со недели нема топла вода

t

Директорот им ја префрла вината токму на студентите велејќи дека тие ја злоупотребуваат и ја трошат топлата вода непотребно – велат студентите.

Загрижувачка е ситуацијата во студентскиот дом „Пелагонија“, каде веќе со недели нема топла вода. Од здружението Студентски отпор велат во 21 век, за студентите е „научна фантастика“ да имаат топла вода.

„Веќе со недели студентите од студентскиот дом „Пелагонија“ немаат услови за извршување на најосновните секојдневни потреби како туширање со топла вода. Ова е прашање од голема важност особено важно за добросостојбата на студентите сместени во домот. Додека студентите си ги бараат своите основни права, директорот вината им ја префрла токму на студентите велејќи дека тие ја злоупотребуваат и ја трошат топлата вода непотребно. Итно бараме ваша помош за споделување на овие информации со пошироката јавност. Од клучно значење е сите да бидат информирани за ситуацијата во студентските домови и ја охрабруваме соработката со вас и со јавноста за да се реши овој проблем навремено“ – велат од Студентски отпор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…

Откако со години се жалеше на тоа,…

Студентското собрание при УКИМ се извини за…

Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…

Факели, овации и огномет за студентите: Пристигнаа…

Граѓаните се собраа во центарот на српскиот…

Вучиќ му се пожали на Додик за…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Бања…

Студентите изгласаа блокирање на Државниот универзитет во…

Студентскиот пленум на Државниот универзитет во Нови…