„Хамилтон сам ни се нудеше, но го одбивме поради Ферстапен!“
Првиот човек во формула 1-тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, помалку ја изненади јавноста со информацијата дека возачот со најмногу победи во историјата, Луис Хамилтон, самиот се нудел да потпише за ова екипа за да може повторно да се бори за шампионска титула.
Тој откри дека преговорите се воделе во текот на оваа година, а откако му станало јасно дека нема да се пресели во Ред Бул, британскиот возач седнал на маса со Мерцедес и потпишал нов договор.
„Имавме неколку разговори со Хамилтон низ годините, за тој да дојде и во Ред Бул. Последен пат луѓето од неговиот тим ни пристапија на нас, беше почеток на годината и сакаа да знаат какви се шансите Луис да дојде и да вози за нашиот тим. Одговорот беше негативен, по што тој веднаш се договори со Мерцедес“, изјави Хорнер.
Причина за негативниот одговор биле сомнежите околу функционирањето на Ферстапен и Хамилтон во ист тим.
„Размислував кратко, но не можев да замислам како Макс и Луис би работеле заедно. Би можеле да си создадеме непотребно многу проблеми, вистината е дека ние сме пресреќни со она што го имаме како возачи во моментов“, дополни Хорнер.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…