Бог да чува: Корејка, која го сака крими-жанрот, уби непозната жена од љубопитност
Судот во Јужна Кореја изрече доживотна затворска казна на љубителката на крими-литературниот и филмскиот жанр, која на полицијата ѝ кажала дека убила странец од љубопитност. Јунг Ју-Јунг (23) била опседната со криминални серии и романи и имала високи оценки на тестовите за психопати, соопшти полицијата.
Опседната со идејата за обид за убиство таа искористила апликација за да се сретне со професорка по англиски, што ја избола до смрт во нејзиниот дом во мај. Бруталното убиство ја шокира Јужна Кореја, пишува Би-би-си.
Обвинителите бараа смртна казна, која обично се случува во најтешките кривични дела. Тие пред судот рекоа дека Јунг, невработена осаменичка, која живеела со својот дедо, барала жртви со месеци користејќи онлајн-апликација за туторство.
Таа контактирала со повеќе од 50 луѓе и претпочитала жени прашувајќи ги дали предаваат дома. Претставувајќи се како мајка на средношколец кому му требаат часови по англиски јазик, таа контактирала со 26-годишната жртва, која живеела во југоисточниот корејски град Бусан во мај. Полицијата не го соопшти нејзиниот идентитет.
Јунг потоа се појавила во куќата на наставничката облечена во училишна униформа, што ја купила преку интернет, соопштија обвинителите. Кога учителката ја пуштила да влезе, Јунг ја нападнала жената бодејќи ја повеќе од 100 пати. Таа продолжила со својот бесен напад, дури и откога жртвата починала.
Таа потоа го распарчила телото на жената и се оддалечила со такси за да фрли некои од деловите од телото во оддалечен парк во близина на река, северно од Бусан. Таа била уапсена откога таксист ја известил полицијата за клиент што оставил куфер натопен со крв во шумата.
Полицијата соопшти дека историјата на пребарувањето на интернет покажала дека Јунг со месеци истражувала како да го убие и фрли телото. Но, таа исто така била невнимателна, велат од полицијата, не обидувајќи се да ги избегне надзорните камери, кои неколкупати ја снимиле како влегува и излегува од домот на жртвата.
Денеска, судијата за изрекување на пресудата во Окружниот суд во Бусан рече дека убиството „шири страв во општеството дека некој може да стане жртва без причина“ и „побуди општа недоверба“.
Јунг го призна злосторството уште во јуни и се изјасни за полесна казна велејќи дека во тоа време страдала од халуцинации и други ментални нарушувања. Сепак, судот го отфрли нејзиното барање бидејќи делото било „внимателно испланирано и извршено и тешко е да се прифати нејзиното тврдење за ментално и физичко нарушување“.
Од судот истакнуваат дека нејзините изјави во полиција често се менувале. Најпрвин Јунг рекла дека го преместила телото само откако некој друг ја убил жената, а подоцна тврдела дека убиството било резултат на расправија.
На крајот, таа признала дека нејзиниот интерес за извршување на убиство бил поттикнат од емисиите за криминал и телевизиските програми. Иако смртната казна сè уште постои во Јужна Кореја, ниту една не е спроведена од 1997 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…