Објавено на:

Катар се надева дека ќе продолжи примирјето помеѓу Израел и Xамаc

t

– Она што се надеваме е дека ослободувањето на заложниците во текот на  четиридневниот прекин на огнот  ќе ни овозможат да го продолжиме примирјето и понатаму и  да почнеме посериозни дискусии за преостанатите заложници, наведе Ал Ансари.

Со посредство на Катар, Хамас вчера ја ослободи втората група заложници. Првата група беше ослободена во петокот. Сегашниот договор предвидува примирјето меѓу Израел и исламистичката група да трае најмалку до утре, до кога треба да бидат ослободени 50 заложници.

– Катар, исто така, ќе работи со своите партнери од Египет, САД и двете страни во конфликтот за да се осигури дека договорениот износ на помош ќе стигне до Појасот Газа, истакна Ал Ансари.

Според израелските податоци објавени оваа недела, договорот предвидува прием на 300 камиони со храна, медицински материјали и гориво во Појасот Газа. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…