Со пиштол му се заканиле на чуварот и го затвориле во шпајз! Детали од филмската кражба на половина тон дрога од тетовско!
Три лица физички нападнале вработен во обезбедувањето во фабрика за марихуана за медицински цели во атарот на гостиварското село Чегране по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија и од фабриката одзеле 41 вреќа со марихуана со вкупна тежина од 552,85 килограми марихуана.
Како што информира МВР, кражбата била пријавена во Одделението за внатрешни работи во Гостивар.
Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени. Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Претходно, на 4 октомври годинава од страна на ОКП, по извршена вонредна контрола и претрес со судска наредба, во координација со Комисијата за оценување исполнетост на условите во однос на просторот, опремата и кадарот за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство биле констатирани неправилности во работењето на фабриката, одземените насади канабис биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, по што била поднесена кривична пријава против правното и одговорното лице согласно Законот за контрола на опојни дроги и покрената постапка за одземање на лиценцата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
По грчката акција „Вардарис“ – истрага и…
Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за…
Еден осомничен за обид за тешка кражба…
Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично…
Двајца мигранти нападнале гевгеличанец и му го…
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основното…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…