Каков народ сме ние: Мајката на Вања, Зорица мораше да објаснува што работи маж ѝ – за луѓето да не шират дезинформации

t

Чуден народ сме ние Македонците, правиме драми каде не треба. Можеби и сегде е така, но кај нас доаѓа до израз, затоа што сме навистина малку луѓе. На социјалните мрежи деновиве може да се прочитаат секакви коментари, теории на заговор и што се не, поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања.

Нејзината мајка, Зорица, во изјава за „Фокус“ мораше да се „правда“ што работи нејзиниот сопруг и зошто тој не се огласил преку медиумите, за да прекинат шпекулациите кои носат дезинформации и прават дополнителна паника во целата јавност.

-Коментарите на социјалните мрежи не ги читам. Во некои медиуми се објавуваат мои наводни изјави, ако сум кажала нешто, од тоа се вадат заклучоци, се извртуваат зборови. Потенцирам дека сум задоволна од работата на полицијата, се е во нивни раце. Ако некој може да го пронајде моето дете, тоа се институциите кои се задолжени за тоа. Ние, што можеме да направиме? Да одиме и да бараме по улици? Затоа замолувам да се престане со шпекулации и невистини, ова е навистина тежок период за нашето семејство – апелира мајката за „Фокус“.

Околу бројните јавни реакции околу таткото на Вања, каде е тој и зошто се нема јавно огласено, таа вели дека како таткото, така и целото семејство е заедно во овие моменти.

-Таткото на Вања, Александар, не користи социјални мрежи. Можеби некому тоа му е несфатливо, но не секој сака да го става својот живот на тањир. И јас не објавувам многу на социјалните мрежи, и не гледам ништо спорно во тоа. Александар нема ризична професија, појаснува мајката, околу шпекулациите дека можеби Вања е киднапирана поради наводни ситуации поврзани со работата на родителите.

Вели дека семејството е во постојан контакт со службите и дека во интерес на истрагата не може да соопштува повеќе детали.

Извор и цела вест на ФОКУС.мк – клик ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Форумот за образовни промени поднесе тужба против…

Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…

Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…

Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…

Урсула фон дер Лајен следната недела во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Серија дојави за бомби ги крена борбените…

Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…