(Во живо) Спасовски со шокантни информации: Таткото учествувал во киднапирањето со цел да се изнудат пари од мајката, лицето во бегство е главен организатор и извршител на убиството!
Сторителите се утврдени и приведени, пет осомничени лица, едно е надвор од државата, таткото на Вања е приведен со него е извршен распит и ќе се преземаат мерки по насока на ОЈО, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Мотивот е користољбие, едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија на член на семејството, го организирало извршувањето на делото со цел да се изнудат пари од мајката.
Сите инволвирани имале материјална корист.
Другата жртва нема никаква врска со малолетничката, но поради нерасчистени односи со еден од осомничените, а неговото возило цитроен е одземено и употребено при извршување на кривичното дело за потоа возилото да биде пронајдено опожарно. Со тоа возило е земена малолетничката, пред влезот од живелаиштето откако претходно според исказите таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзиното напуштање на домот.
Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11 некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката е во бегство, исплашен од доказите до кои може да се дојде на веќе започнатата истрага штом стапне во Макеоднија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Форумот за образовни промени поднесе тужба против…
Форумот за образовни промени (ФОП) денеска поднесе…
Скопјанец се заканувал на жена дека ќе…
Триесет и шестгодишен скопјанец бил лишен од…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Серија дојави за бомби ги крена борбените…
Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони…
Трамп: „Суперинтелигенцијата е ЗЛАТО, само луди лидери…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изрази силна…