Интер го декласира Удинезе и се врати на врвот од Серија А
Фудбалерите на Интер одиграа феноменално и вчера, на домашен терен, лесно и убедливо го совладаа Удинезе (4-0) со што се вратија на врвот од табелата во Серија А, каде што привремено беше Јувентус по вчерашниот триумф во дербито со Наполи (1-0).
Миланезите уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот и тоа во само седум минути во кои постигнаа три гола. Стрелци беа Чалханоглу од пенал во 37. минута, Димарко пет минути подоцна на асистенција на турскиот интернационалец и Турам во 44. минута. Лаутаро Мартинез стави точка на голеадата со погодок во 84. минута со што дојде до дури 14. погодок сезонава во Серија А со што е убедливо лидер на листата стрелци со шест повеќе од првиот следбеник, Оливие Жиру од Милан.
Интер по 15 кола има 38 бодови, два повеќе од Јуве и дури девет од повеќе од градскиот ривал Милан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Шефот на бугарската полиција вели дека нема…
Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…