(Видео) Погледнете ја бламажата на Баерн од 5:1!
Актуелниот шампион, Баерн Минхен го доживеа најголемиот пораз во Бундеслигата во последните четири години. Вчера тимот предводен од тренерот Томас Тухел во 14. коло загуби на гости од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1.
Последен пат тимот од Минхен загуби со таков резултат на 2 ноември 2019 година. За одбележување е тоа што тогаш токму Франкфурт ги победи со истиот резултат (1:5).
За Баварците ова беше прв пораз оваа сезона во Бундеслигата по 10 победи и 2 нерешени.
Воедно Баерн го забележа третиот пораз на сите турнири – претходно загубија од Лајпциг (0:3) во мечот за Суперкупот на Германија и од Сарбрикен (1:2) во Купот на Германија.
Баерн моментално е втор на табелата со три бода помалку од Баер Леверкузен. Ајнтрахт е седми со 21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Шефот на бугарската полиција вели дека нема…
Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…