Роџерс не ја отфрла можноста за трансфер на Миовски во Селтик во јануари!
Селтик почнува сѐ посилно да се поврзува со македонскиот напаѓач Бојан Миовски, гласините велат дека тие сакаат да го ангажираат уште во јануари.
Селтик вчера загуби од Килмарнок во домашното првенство, а во Лигата на шампионите од пет натпревари освоија само еден бод и како последни ќе го завршат натпреварувањето.
Раководството на клубот разгледува можност за нови засилувања, а едно од имињата со кои се поврзуваат е Бојан Миовски.
Тренерот на Селтик, Брендан Роџерс беше запрашан дали клубот во јануари ќе го ангажира Миовски. Тој очекувано даде дипломатски одговор, но не ја отфрли шансата за реализација на овој трансфер.
„Ова е период кога агентите исфрлуваат имиња и врски, па ако кажев нешто, пред нас ќе беа долги шест недели“, вели Роџерс.
„Но сигурно имаме имиња кои сакаме да ги донесеме. Како тренер, секогаш сакаме да ги реализираме трансферите што е можно побрзо, но имаме зимска пауза, нема да играме до средината на јануари“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со…
Триесет и петгодишна жена од Скопје пријавила…
Херој на плажа во Ситонија: За неколку…
Од обично летување на Ситонија до драматична…
Пожар во Јегуновце се шири кон Бојане…
Активен шумски пожар избувна на територијата на…
Земал 200 евра за наводно лекување на…
Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка…
Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со…
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце,…