16-годишник фатен во Виена како подготвува теpopистички напад над синагога
Полицијата извршила претрес во неговиот дом и запленила неколку уреди за складирање податоци, пронајдени се фотографии и видео материјал со инструкции за изработка на бомби, оружје и муниција.
Австриската полиција уапсила 16-годишно момче за наводно планирање напад на синагога во Виена, изјави највисокиот австриски функционер за безбедност.
-Тинејџерот напиша на Интернет дека планира да земе оружје и да ја нападне синагогата – соопштил Герхард Карнер, пренесува Скај Њуз.
Официјалните лица не го идентификуваа уапсениот малолетник, но рекоа дека тој живеел во близина на Штајр, во северна Австрија. Полицијата извршила претрес во неговиот дом и запленила неколку уреди за складирање податоци. При претресот пронајдени се фотографии и видео материјал со инструкции за изработка на бомби, оружје и муниција.
Австриските власти ја зајакнаа безбедноста на синагогите и другите еврејски и израелски институции поради порастот на антисемитските инциденти по конфликтот меѓу Израел и Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали нацртале кукасти крстови на синагога во…
Австралиските власти го осудија вандализмот врз синагога…
АА: Власта поттикнува национализам и амнестира тероризам
Алијанса за Албанците во соопштение обвини дека…
Во Австралија запалена и сквернавена синагога
Австралиската полиција денеска започна истрага откако беше…
Дунав се заканува да се излее во…
Циклонот Борис веќе предизвика хаос во централна…
Адвокатот на осомничениот за тероризам во Виена:…
Адвокатот на главниот осомничен за планирање на…