40 ДЕНА ЕКСТРАДИЦИСКИ ПРИТВОР ЗА ПАЛЕВСКИ: Осомничениот за двојното убиство останува во Баликесир!

t

На Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември и на Панче Жежовски од Велес, во Турција му е одреден 40-дневен екстрадициски притвор.

„Амбасадата на Република Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена“, се наведува во соопштението од Министерството за правда .

Палевски е приведен во Турција по распишана потерница. Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗАХАРОВА: Евровизија ја надмина секоја оргија, ритуал…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

-Непочитувањето на уставното име на државата ја…

Лазаров: Одиме чисто на СП – без…

Лазаров кажа дека ракометарите брзо го заборавиле…

Mасовна средба на Mакедонците од Eгејот, се…

Да не се заборави она што се…

Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале…

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од…