Затворениците го прашале Манев зошто е убиена Вања, неговиот одговор ги разгневи сите!

t

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и останатите осомничени Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски се во 30-дневен притвор во затворот во Шутка, во привор е и возачот Стефан Димковски.

Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо се уште не е екстрадиран од Турција.

-Јавноста е гневна за смртта на малата Вања и на тоа што се’ уште нема одговор на многу прашања околу нејзиното грабнување и убивање, како и за велешанецот Панче Жежов, но за тоа се чека истрагата и резултатите од обдукцијата, која уште не е готова. Но, за згаснување на овој млад живот не е гневна само јавноста, туку и останатите притворени и затворени во затворот во Шутка, објавува порталот ММС.

Медиумите досега информираа дека тие се затворени во посебни ќелии, а штом останатите притворени ќе ги виделе им упатувале навреди и тропале по решетките. И тие се згрозени од двојното убиство, особено на малата Вања.

Тројца од четворицата осомничени кои се во Шутка, ја признаа вината и своите улоги во оваа грозоморна операција.

Затоа и нивното влегување во затворот во Шутка беше дочекано „на нож“, пишува порталот.

ММС од свои извори дознава дека додека ги сместувале во келиите постојано им се довикувало: „Како сте можеле да убиете дете“, „Зошто?“, „Зошто го убивте детето?“

На тоа велешанецот Велибор Манев само кусо одговорил :

„Ми требаа пари за свадба“, рекол Манев, дознава ММС.

Таткото на Вања само молчел.

Целата вест прочитајте ја на ММС

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…

Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…