Еве каде има најмногу снег во моментов во Македонија
Во Лазарополе утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Виница, три степени.
Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус два степени се измерени во Берово, минус еден во Битола и Крива Паланка, нула степени во Скопје – Петровец, Тетово, Маврови Анови, Прилеп, Струмица, еден во Претор, Дебар, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, Велес и два степена во Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Охрид и Крушево.
Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува четири сантиметри на Попова Шапка.
Во текот на ноќта и утрово времето е променливо облачно. Наместа дува слаб ветер од северен правец.
Претпладне во северозападните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје претпладне со појава на слаба магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…