Македонија ЃП пак удри по ФФМ: Само со оставки ќе покажете дека имате чувство за срам!

t

Македонија Ѓорче Петров повторно реагираше по мечот против Гостивар и побара оставки од луѓето во Судиската комисија на ФФМ затоа што сè уште не ја објавиле анализата за мечот во кој беа оштетени од судијата Стојанче Стојанов.

Судиската комисија на ФФМ не ја објави анализата по завршеното коло во првата и втората лига, па Македонија ЃП прашува дали луѓето во организацијата се засрамени од судењето и побара оставка од луѓето во комисијата.

„Дали со тоа сакаат да се премолчат овие срамни одлуки и да не ги признаат или се срамат од нив? Зошто оваа судиска организација го врати Стојанче Стојанов и му ја оживеа судиската кариера која е полна со лоши одлуки и штети нанесени на многу клубови, судија кој со години беше трнат од натпреварите во Прва лига.

Зошто од судиска упорно се делегираат едни исти судии и покрај добивање на неколку слаби оцени во една полусезона, додека некои судии не добиваат ниту шанса да се докажат во Прва лига.

Дали со ваква работа сакаат да ги тргнат и странските инвеститори кои во оваа сезона се во рекорден број од постоењето на фудбалот во Македонија? Вака нема да привлечеме нови луѓе кои ќе инвестираат во нашиот фудбал, туку ќе ги загубиме и тие што ги имаме во моментот.

Марјан Ристески земи одговорност и поднеси оставка бидејќи ти делегираш судии или можеби некој друг? Уште еднаш ќе повториме, вие сте најлоша судиска комисија. Само со оставки ќе покажете дека имате чувство за фудбал и срам за тоа што се случува“, соопшти прволигашот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со…

Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце,…

Приведено лице од Бучим, при преглед на…

На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип,…

Тачи: Нема документ за поделба на Македонија,…

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит…

Уште еден силен земјотрес ја погоди Индонезија:…

Втор земјотрес со интензитет од 6,9 степени…

Земјотрес попладнево во Македонија

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според…