Сопственици на скопски локали се дел од уапсените во акцијата на Обвинителството и МВР
Сопственици на два познати скопски локали, како и лице кое имало висока функција во јавно претпријатие, се уапсени во акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, која се спроведува со МВР, дознава „Скопје1“. Наводите и сомнежите се поврзани со недозволено тргување со културно наследство. Точните називи на фирми во кои е влезено, како и лица кои се уапсени, засега не се објавуваат, бидејќи претресите се во тек.
Неофицијално, во предистрагата за случајот била вклучена и Управата за финансиска полиција.
Еден од објектите чиј газда заврши со лисици е веќе една година под клуч. Беше актуелен во јавноста по криминален чин кој се случи во него. Заедничко за двата е што се наоѓаат во старата Скопска чаршија, извор на културно наследство и артефакти.
Засега ниту институциите не излегуваат со детали. МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…