Од почетокот на офанзивата во Газа убиени се 115 израелски војници
Само вчера во заседа во северниот дел на палестинската енклава беа убиени десет израелски војници, потсетуваат француските медиуми.
Од друга страна, палестинското Министерство за здравство, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека во војната во Појасот Газа досега загинале 18.608 Палестинци.
Според податоците на владата на Хамас, која ја контролира Газа од 2007 година, во конфликтот се повредени уште 50.594 Палестинци.
Израелската армија утринава соопшти дека вчера погодила повеќе од 250 цели во Појасот Газа, јави ДПА.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле „прецизни напади врз терористички цели од воздух, копно и море“.
Палестинските милитанти денеска повторно истрелале ракети врз Израел, по што ИДФ соопшти дека биле активирани сирените за воздушен напад во повеќето израелски градови лоцирани во близина на границата со Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…