Русија распиша потерница по Буданов
уските власти денеска го додадоа името на шефот на Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирило Буданов на листата на барани лица. Москва смета дека ГУР е одговорен за неколку напади врз Русија.
Името на Кирило Буданов (37) сега се наоѓа во базата на податоци на руското Министерство за внатрешни работи, во списокот на лица кои се бараат за прекршување на кривичниот закон.
Буданов, од 2020 година е началник на воено-разузнавачкиот оддел во Министерството за одбрана на Украина.
Руските власти го обвинуваат за организирање напад во октомври 2022 година, кога делумно е уништен мостот што го поврзува Крим.
Кон крајот на ноември, Украина објави дека се сомнева во Русија за труење со тешки метали на сопругата на Кирило Буданов, Маријана Буданова, која е и советничка на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Кремљ ги отфрли обвинувањата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“ во…
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне…
Мароко ги протера новинарите од агенцијата ЕФЕ…
Мароко денеска ги протера новинарите на шпанската…
Три нови случаи на западнонилска треска
Потврдени се три нови случаи на западнонилска…
(Видео) Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар,…
Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди…
Штипјанец кривично пријавен за измама, набавил 2,58…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…