Шок во Брисел: Орбан блокира 50 милијарди евра, што ЕУ ги планира за помош за Украина
„Резиме на вечерашната средба: вето за дополнителни пари на Украина“, напиша синоќа унгарскиот премиер Виктор Орбан на мрежата Х, по состанокот на Европскиот совет во Брисел.
„Ќе се вратиме на тоа прашање следната година по соодветна подготовка“, додаде Орбан.
Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека има уште време и дека Украина нема да остане без пари во следните неколку недели, пренесува Би-би-си.
Тој изрази надеж дека договорот за помош на Украина ќе биде постигнат на почетокот на следната година, односно на крајот на јануари.
Европскиот совет вчера донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, а на Грузија да ѝ се додели статус на кандидат за членство во ЕУ.
Орбан претходно изјави дека Украина не ги исполнува условите за членство и дека Унгарија не може да се согласи со таа одлука, но за да дозволи да се донесе таа одлука, тој ја напушти просторијата за време на одлуката и не учествуваше во нејзиното донесување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во Јегуновце се шири кон Бојане…
Активен шумски пожар избувна на територијата на…
Земал 200 евра за наводно лекување на…
Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка…
Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со…
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце,…
Приведено лице од Бучим, при преглед на…
На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип,…
Тачи: Нема документ за поделба на Македонија,…
Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит…