Една година од смртта на легендарниот Синиша Михајловиќ
На денешен датум, минатата година Синиша Михајловиќ ја загуби битката со тешката болест и почина на 53-годишна возраст.
Во јули 2019 година на Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемија. Борбата со болеста траеше повеќе од три години, тој почина на 16. декември 2022.
Михајловиќ кој беше член на шампионската генерација на Црвена звезда, најголемиот дел од кариерата го помина во Серија А, настапуваше за Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.
Како тренер ги водеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино. Беше и селектор на Србија.
Италијанските клубови денеска му изразуваат почит, а фудбалерите на Сампдорија ќе настапат со дресови со ликот на Михајловиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…