ЕУ фрлила вакцини против Ковид-19 вредни 4 милијарди евра
Членките на Европската Унија фрлиле 215 милиони дози вакцини против ковид-19 купени на врвот на пандемијата,ова ги чинело даночните обврзници во Унијата четири милијарди евра, но се верува дека ова не се реалните бројки.
Откако првата вакцина против коронавирусот беше одобрена на крајот на 2020, Европската Унија колективно купи 1,5 милијарди дози, повеќе од три за секој жител на континентот и многу од нив завршиле на депонии. На врвот на листата е Естонија, која уништила повеќе од една доза за жител, следена од Германија.
Не е лесно да се утврди точно колку вакцини се фрлени зашто „Политико“ процени дека вредноста на фрлените 215 милиони вакцини изнесува над четири милијарди евра, имајќи ги предвид нивните цени објавени во медиумите.
Најголем дел од вакцините биле купени на врвот на пандемијата во 2021, кога САД, ЕУ и Велика Британија се обидуваа да обезбедат ограничен број вакцини. Во тие крајно неизвесни времиња, ЕУ договори купување на 1,1 милијарда дози од „Фајзер“ и „Бионтек“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…