Маж од Косово осомничен за убиство на трудница од Италија

t

Пред влезната врата од својот дом брутално е убиена Ванеса Балан (27), трудница од Италија, а за делото е уапсен Б.Ф.(41), маж од Косово.

Ванеса била во третиот месец од бременоста кога осомничениот ја удрил неколку пати по лицето и ја избодел најмалку седум пати пред влезот на нејзината куќа во близина на Тревизо, пишува Телеграф.

Телото на трудницата го пронашол нејзиниот партнер кога се вратил од работа и веднаш ја алармирал полицијата. Тој бил во шок, но успеал да ѝ даде на полицијата корисни информации.

Веднаш била започната потрага по осомничениот, кој бил уапсен во вторникот вечерта.

Според партнерот на жртвата, осомничената била муштерија на супермаркетот „Еуроспин“, каде што до пред извесно време работела – пред да замине на породилно, бидејќи го чекала своето второ дете.

Како што пишуваат медиумите, тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал, а Ванеса во октомври го пријавила за демнење.

Осомничениот не сакал да одговори на прашањата на истражителите и бил однесен во затвор, додека полицијата се обидува да го открие мотивот за убиството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на…

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина…

„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…

Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…

Вучиќ за можноста од трета светска војна:…

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, оцени…

Затворени три друштва за интернет-игри на среќа…

Државна лотарија соопшти дека презела мерки за…

Удар за сепаратистите во Канада: Алберта убедливо…

Гласачите во канадската провинција Алберта убедливо го…