Чешки министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со „тероризам“

t

Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа 15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада.

„Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет.

Повеќе од 15 лица загинаа, а најмалку 24 се ранети, според најновите податоци, во пукотница што се случи денеска во центарот на Прага.

Полицијата го идентификувала убиецот како студент на Факултетот за уметности на Универзитетот, каде што ги застрелал своите жртви. Мажот бил пронајден мртов во истата зграда.

Таткото на убиецот е пронајден мртов рано денеска, соопшти полицијата. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев: Руските сили се обидуваат да извршат…

- Од гранатирањето, пожар го зафати скалдиштето…

Рот исплашен од ВМРО-ДПМНЕ: Триумфирал десниот национализам

Поранешниот гемрмански министер за надворешни работи и…

Денеска почнуваат разговорите за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ…

Денеска напладне ќе се одржи првата средба…

Германија ќе купи системи ХИМАРС од САД…

Германија ќе купи три системи за повеќекратно…

ОН го предупредија Израел да не го…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш…