Предупредување за терористички напади во Европа, три града се под закана

t

Според извештаите, првите четири апсења биле извршени денеска во Виена и едно во Германија. Полицијата во австриската престолнина го зголеми надзорот во црквите и божиќните базари, објави Der Standard.

Безбедносните власти наводно добиле индиции дека исламска терористичка ќелија би можела да изврши напад во Европа за Божиќ или Нова Година.

Мерките се преземени по извештаите за екстремистички групи кои ги напаѓаат христијанските симболи и настани. Можни дестинации би биле божиќните настани во Виена, Келн или Мадрид, пренесува Bild.

Денеска за прв пат, според австриските медиуми, виенската полиција најави зголемување на полициско присуство на христијанските манифестации.

На божиќните базари, верските служби или слични настани, доколку е потребно, треба да се изврши и контрола на пристапот.

„Поради моменталната проценка на ризикот од страна на Канцеларијата за заштита на Уставот и континуираното зголемување на нивото на антитерористичка тревога, ризикот генерално се зголемува во Австрија за време на божиќните празници“, објаснуваат од полицијата.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, им наложи на локалната полиција и жандарми да го зголемат своето присуство во црквите ширум земјата „за да ги заштитат христијанските верници кои ќе се соберат за божиќните празници“, напиша претставник на париската влада.

Во Келн катедралата ја пребарувале кучиња трагачи, а полицијата претресувала луѓе.

„Поради предупредувањето за опасност за катедралата во Келн, полицијата презема посебни заштитни мерки. Полицијата нема да ги коментира деталите за достапните наоди поради тековната истрага на државната полиција“, ијави портпаролот на полицијата на германскиот град за Билд.

Според началникот на полицијата Мајкл Есер, конкретните информации се однесуваат на новогодишната ноќ. Сепак, „ќе се направи сѐ за да се обезбеди безбедноста на посетителите на катедралата за време на Бадник и Божиќ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…