„Виз Ер“ привремено укинува летови од Скопје
Авиокомпанијата „Виз Ер“ од средината на јануари до средината на март ќе го намали капацитетот на својата мрежа, поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прет и Витни“. Ова ќе резултира со привремен прекин на три линии во текот на двомесечниот период, вклучувајќи ги Скопје – Луксембург, Скопје – Болоња и Дортмунд – Ниш.
Во Охрид летовите до Виена ќе се намалат од првично планираните четири, на три неделни летови, додека во Приштина авиокомпанијата ќе ги намали услугите на линијата Меминген од седум на пет неделно.
Добавувачот на воздухопловната и матична компанија на „Прет и Витни“, „Ер-Ти-Икс“ врши контрола на квалитетот на моторите инсталирани во стотици авиони ширум светот, кои треба да се отстранат и испитаат.
-Компанијата продолжува да презема активности за да го ублажи секое финансиско и оперативно влијание и ќе бара финансиска компензација од „Прет и Витни“, соопштија од „Виз Ер“.
„Визер“ планира привремено да премести два од шесте скопски авиони од средината на јануари до средината на март. Ова ќе резултира со привремен прекин на авиолиниите. Дополнително, над триесет неделни летови се отстранети од скопска мрежа. Услугите за Базел и Меминген ќе ги имаат најголемите намалувања на фреквенцијата. Во Белград, буџетската авиокомпанија планира да ја одржи целата своја мрежа, но ќе отстрани над петнаесет неделни летови, при што еден од четирите авиони ќе биде преместен на два месеци.
Авиолинијата Скопје-Луксембург беше воведена на 1 ноември 2023 година
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…